Дома Фудбал Италија Анчелоти: Јувентус ќе се врати и ќе се бори за Скудетото

Анчелоти: Јувентус ќе се врати и ќе се бори за Скудетото

Искусниот италијански стратег Карло Анчелоти во интервју за италијанските медиуми ја коментираше ситуацијата во Серија А.

Анчелоти верува дека и покрај катастрофалниот старт, сепак Јувентус може да се врати во борбата за Скудетото.

„Што се случува со Јувентус? Од надвор е тешко да се каже. Тимот ја загуби замодовербата и се бори за да најде континуитет. Сигурен сум дека со тек на време Јувентус ќе оди на горе и ќе се бори за Скудетото“, изјави Анчелоти.

„Интер е силен бидејќи го задржа костурот на тимот и против нас во ЛШ играа одлично. Милан оваа сезона исто така е одличен тим спремен да се бори за важни трофеи. Мурињо врши одлична работа во Рома и мислам дека ќе има успех“, додаде Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Борнмут со историски натпревар во Европа по поразот од Челси

Борнмут ќе го одигра својот прв европски натпревар на домашен терен против Штурм Грац, по …