Дома Фудбал Германија Анчелоти ја менува формацијата поради Хамес – еве како ќе изгледа Баерн!

Анчелоти ја менува формацијата поради Хамес – еве како ќе изгледа Баерн!

Баерн Минхен денес го комплетираше трансферот на Хамес Родригез кој доаѓа од Реал Мадрид на двегодишна позајмица за која Баварците ќе платат 10 милиони евра, а по две години ќе имаат право да го откупат за 35 милиони евра.

Хамес во Баерн пристигнува по инсистирање на Карло Анчелоти кој добро ги познава неговите квалитети бидејќи работеше со него во Баерн Минхен.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Даглас Коста заминува во Јувентус, а Франк Рибери ќе добива се помала минутажа, па Хамес најверојатно ќе има сигурно место во стартниот тим.

Со доаѓањето на Колумбиецот, Анчелоти најверојатно ќе ја промени тактиката од минатата сезона и ќе игра со Хамес позади двајца напаѓачи, односно со формација 4-3-1-2.

Во средниот ред ќе играат Видал, Алкантара и Толисо, а во одбраната Кимик ќе го заземе местото на Лам кој се пензионираше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Ваква сцена не се памети: 50.000 навивачи натераа Нагелсман да внесе во игра еден човек!

Во пријателски натпревар, Германија ја совлада Гана со резултат од 2:1, а победата за Герм…