Дома Фудбал Анчелоти: Фановите не мислат на Мбапе, туку на финалето од ЛШ

Анчелоти: Фановите не мислат на Мбапе, туку на финалето од ЛШ

Tренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, на пресконференцијата пред дуелот со Бетис зборуваше за престојното финале со Ливерпул и за евентуалниот трансфер на Килијан Мбапе.

„Природно е да има некоја нервоза пред финалето на Лигата на шампионите. Ова е огромен натпревар. Мислам дека Ливерпул има потешки недели до финалето од нас, бидејќи се подготвува за голем, важен натпревар овој викенд. Веќе го прославивме триумфот во првенството. Тие го прославија освојувањето на ФА Купот“, изјави Анчелоти.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


На прашањето што е поважно за Реал Мадрид – да ја освои Лигата на шампионите или да потпише со Килијан Мбапе, Анчелоти одговори:

„Мислам дека навивачите на Реал Мадрид со нетрпение го очекуваат финалето на Лигата на шампионите и сите се фокусирани на победа во финалето на ЛШ. Лично, не се фокусирам на темата за Килијан Мбапе, но мислите целосно ги насочив кон финалето“, истакна Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…