Податок кој најдобро сведочи за тоа каква тренерска големина седи на клупата на Наполи.
Црвена Звезда утре ќе го пречека италијански Наполи во рамките од првото коло во групната фаза од Лигата на шампионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наполи на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград пристигнува предводен од големиот Карло Анчелоти кој во Белград ќе испише нова страница во историјата на најелитното европско натпреварување.
Карло Анчелоти ќе испише нова страница во Лигата на шампионите бидејќи на утрешниот натпревар на „Рајко Митиќ“ ќе може да каже дека предводел осум различни клуба во 26 години долгата кариера.
Легендарниот Италијанецот од клупата во ова големо натпреварување ги предводел, Парма, Јувентус, Милан, Челзи, Пари Сен Жермен, Реал Мадрид и Баерн, а од утре ќе може истото да го каже и за Наполи.
Анчелоти е единствениот тренер на кого му успеало вакво нешто.