Дома Фудбал Анчелоти синоќа доби отказ, но веќе се спрема на пат за Англија

Анчелоти синоќа доби отказ, но веќе се спрема на пат за Англија

Карло Анчелоти доцна синоќа беше и официјално отпуштен од клупата на Наполи.

Во последно време многу се пишуваше за италијанскиот стручњак дека ќе го напушти Наполи, а тоа беше потврдено синоќа иако го одведе овој клуб во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сепак, пред натпреварот против белгискиот клуб, Наполитанците беа девет натпревари без победа во сите натпреварувања, па Де Лаурентис одлучи дека е време за промена.

Анчелоти остана во Наполи само година ипол, а по отказот веќе започнаа шпекулациите за неговата следна дестинација.

Така, англиските медиуми пишуваат дека Арсенал и Евертон сакаат да го видат италијанскиот стручњак на својата клупа.

Топџиите неодамна му врачија отказ на Унаи Емери, а како привремено решение беше избран Фредрик Љумберг.

Од друга страна, Евертон исто така игра лошо оваа сезона поради што Марко Силва пред неколку дена доби отказ.

Двата клуба сакаат да го видат Анчелоти на својата клупа и подготвени се да преговараат со него, а останува да се види дали 60-годишниот стручњак ќе одлучи да ја прифати понудата на некој од овие два клуба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл спремен да го пушти Исак во Ливерпул

Bританските медиуми во петокот објавија дека раководството на Њукасл очекува нова понуда о…