Дома Трансфер зона Анчелоти: Реал ќе биде последен клуб во кариерата

Анчелоти: Реал ќе биде последен клуб во кариерата

Карло Анчелоти потврди дека преговарал со репрезентацијата на Бразил, но негов приритет секогаш бил останување во Реал Мадрид.

Искусниот Италијанец стави потпис на нов договор со „кралевите“ и откри дека Реал ќе биде негов последен клуб во кариерата.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Многу сум среќен за новиот договор, сега се е полесно. Клубот е задоволен со мојата работа и не сакаше да чека до крајот на сезоната. Јас сум горд на тоа. Ова ќе ми биде последен ангажман во кариерата. Го сакам Мадрид и сакам да останам тука. Можеби и ќе живеам тука кога ќе заминам во пензија“, изјави Анчелоти.

„Цел свет знае дека бев во контакт со поранешниот претседател на сојузот во Бразил. Тоа ме прави горд, ама зделката беша на „стенд бај“ бидејќи јас го чекав Реал“, призна Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…