Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Анчелоти откри за кого ќе навива на Мундијалот

Анчелоти откри за кого ќе навива на Мундијалот

Еден од најтрофејните тренери на светот, Карло Анчелоти откри за кого ќе навива на Светското првенство во Катар.

Со оглед на фактот дека неговата Италија нема да учествува на Мундијалот, Анчелоти ќе навива за Канада, а откри и зошто.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„На Светското првенство ќе навивам за Канада. Канада одамна не била на Светското првенство. Канада е мојот втор дом. Исто така, претседателот на Канадската фудбалска асоцијација е од Абруцо и сите таму ќе навиваат за Канада“, изјави Анчелоти.

Анчелоти ќе има уште една причина да навива за Канада, бидејќи неговата сопруга, Маријан Мекклеј е од таму.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Серхио Рамос одлучи да ги следи стапките на Жерард Пике

Легендарниот дефанзивец и поранешен капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос, повторно е во це…