Тренерот на Баерн од Минхен, Карло Анчелоти, е убеден дека Роберт Левандовски дури сега влегува во неговата голгетерска форма.
А како што тргна, Полјакот со сигурност без проблем ќе ја надмине бројката од 30 погодоци во Бундеслигата, бдејќи неговиот нов хет-трик за триумф од 6:0 против Аугзбург му донесе враќање на чело на листата со најдобри стрелци со 24 постигнати гола.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Уште две асистенции, заедно со трите гола, беа доволна причниа за Италијанецот да го пофали Левандовски.
„Одигравме навистина добар натпревар, а Роберт го правеше она што секогаш најдобро го прави. Постигна три гола и асистираше уште два пати, па што можам друго да кажам за него, освен дека е фантастичен. Станува збор за напаѓач кој дава голови на речиси секој натпревар, констатираше Анчелоти.
Искусниот стратег е задоволен што Баерн гази кон петтата по ред титула во Германија.
„Имавме мала криза после полувремето, но тимскиот дух и квалитет на играта беа многу добри. Од почетокот до крајот игравме добро и тоа е патот по кој треба да продолжиме да се движиме“, заклучи Карло.
За Баерн нема многу време за одмор и опуштање, веќе во вторник играат против Хофенхајм во вонредно коло, тимот кој им украде бод во Минхен во првиот дел од сезоната.