Дома Фудбал Анчелоти за Бензема: Му кажав дека нема да игра, не спаси масерот

Анчелоти за Бензема: Му кажав дека нема да игра, не спаси масерот

Реал Мадрид синоќа оствари голема победа на гостувањето кај Челзи во Лигата на шампионите (1:3).

Херој за „кралевите“ и овој пат беше Карим Бензема кој одигра уште еден фантастичен натпревар и ги постигна сите три гола.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Карло Анчелоти откри како се шегувал со Французинот пред почетокот на мечот и му кажал дека нема да игра.

„Кога излеговме од автобусот, му кажав дека нема да игра бидејќи ја загуби акредитацијата без која не може да влезе на терен. Не спаси масерот кој ја пронајде пропусницата и сите се насмеавме. За него немам што повеќе да кажам, Карим е фантастичен“, изјави Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Диего Симеоне го кажа она што навивачите на Интер долго време сакаат да го слушнат.

Диего Симеоне денес го кажа она што многу навивачи на Интер сакаат да слушнат со години на…