Дома Трансфер зона Анчелоти донел одлука: Реал Мадрид бара замена за „најслабата алка“

Анчелоти донел одлука: Реал Мадрид бара замена за „најслабата алка“

Ферлан Менди според многумина е „најслабата алка“ во овој тим на Реал Мадрид и „кралевите“ на лето ќе се обидат да му пронајдат замена.

„Марка“ пишува дека Реал Мадрид одбил да му го продолжи договорот кој му истекува во 2025 година и логично е поради тоа Французинот да не е негов приоритет. Напротив, Менди на лето ќе биде на трансфер листата.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Французинот игра слабо обаа сезона, не беше повикан и на СП, а во вчерашниот пораз од Виљареал беше директен виновник за првиот гол на „жолтата подморница“.

Шпанските извори тврдат дека Менди сигурно ќе биде продаден и Анчелоти на лето ќе бара нов лев бек.

Давид Алаба?

Анчелоти се обиде да го убеди Австриецот да игра повеќе покрај левата аут линија, посебно затоа што Антонио Рудигер блескаше на тренинзите после Светското првенств и Анчелоти очекуваше да игра во тандем со Милитао.

Сепак, Алаба и понатаму инсистирал дека сака да игра како стопер, па затоа вчера Милитао беше десен бек место повредениот Карвахал, а Алаба и Рудигер играа како стопери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Премиерлигашите се „тепаат“ за голгетерот на Спортинг

Напаѓачот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓекереш, е голема желба на гигантите од Премиер лига…