Италијанските медиуми пренесуваат дека Наполи не се откажува од мексиканскиот репрезентативец и ѕвезда на ПСВ, Ирвин Лозано.
Лозано блесна на Светското првенство, а дората форма ја пренесе и во холандскиот шампионат каде блеска оваа сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За него интерес покажуваат многу европски гиганти, но Мексиканецот е прв на листата желби на Анчелоти.
Наполи е спремен да понуди 35 милиони евра, додека ПСВ бара 40 милиони евра за неговата слобода. Разликата не е голема, па се чини дека двата клуба набрзо ќе најдат компромисно решение.
Лозано оваа сезона постигна 13 гола и запиша 6 асистенции за ПСВ до сега, па Наполи ќе треба да се избори и со големата конкуренција.