Реал Мадрид го стави на трансфер пазарот левиот бек Ферлан Менди, па почна да му бара замена.
Прв на листата желби на „кралевите“ е бекот на Ливерпул, Енди Робертсон за кого Реал е спремен да понуди 50 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Робертсон пристигна во Ливерпул летото 2017 година и се етаблираше во еден од најдобрите бекови во Премиер лигата.
Шкотланѓанецот нема добра сезона, како и целиот тим на Ливерпул, но Анчелоти верува во неговите квалитети и смета дека би бил идеално засилување.
Реал му гарантира место во првиот тим, но трансферот ќе биде тежок за реализација, бидејќи Ливерпул не сака да се откаже од Робертсон.