И покрај тоа што претходно направи за клубот, Тотенхем одлучи да дозволи трансфер на Деле Али во јануарскиот преоден рок.
Англискиот репрезентативец оваа сезона не е задоволен бидејќи Мурињо скоро никако не го користи и сега е одлучен да го напушти клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Играчот кој пет години е во Тотенхем во јануари има дозвола да си пронајде нов клуб и да ги напушти редовите на Спарси.
Деле Али неодамна си замина од клупата во соблекувалната откако Мурињо ги направи сите пет измени во дуелот против Антверп во ЛЕ.
Сега се споменува и кој клуб би можел да биде негова наредна дестинација. Англичаните пишуваат дека наводно Анчелоти е заинтересиран да го доведе Деле Али во Евертон. Покрај Деле Али, Анчелоти ја следи ситуацијата и со Хари Винкс кој исто така е во втор план кај Мурињо.