Антонио Конте следната недела ќе има преговори со раководството на Интер.
Иако само една година е на клупата на Нероаѕурите, на големо се пишува дека 51-годишниот стручњак ќе го напушти Интер.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Италијанскиот новинар Ромео Агрести синоќа објави дека Конте одлучил да замине од Интер. Ќе има кратка пауза, а неговата цел е во наредните години да седне на клупата на Манчестер Јунајтед.
Веќе се шпекулира и кој ќе го замени на клупата на Интер. Тоа е Макс Алегри кој го замени и во Јувентус каде ја продолжи неговата победничка серија.
Се треба да биде познато во наредните неколку дена, а изгледа дека Конте веќе одлучил да замине.
Конте го предводеше Интер на 54 натпревари и оствари учинок од 33 победи, 12 нерешени и девет порази.