Дома Останати Кошарка Антиќ: Јас сум спремен, на тренерот е да одлучи дали ќе играм

Антиќ: Јас сум спремен, на тренерот е да одлучи дали ќе играм

Перо Антиќ зборуваше за медиумите пред утрешниот натпревар против Уникаха.

Македонскиот кошаркар кој е еден од најважните кошаркари на Црвена Звезда истакна дека физички се чуствува одлично и дека е на тренерот да одлучи дали ќе игра.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Физички се чуствувам одлично. Јас сум тука и спремен сум, на тренерот е да одлучи дали ќе играм, тој е оној кој одлучува и знае што е најдобро за овој тим“, изјави за новинарите Антиќ.

Потоа Перо беше запрашан дали со фотографијата од заедничката вечера ставил крај на се што се случувало.

„А што тоа се случило?“, запраша Перо и продолжи:

„Одредени новинари пишуваат лаги и невистини само за поголема читаност. Тоа е нивна работа, јас не посветувам премногу внимание на таквите работи. Тимската хемија секогаш е и ќе биде на високо ниво, поради тоа и заминавме на вечера“, истакна Антиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Неверојатниот Дончиќ даде 60 поени. Лејкерси не виделе вакво нешто од последниот натпревар на Коби

ЛУКА ДОНЧИЌ ја покажа својата неверојатна форма со победата на Лејкерс против Мајами со 13…