Хрватскиот фудбалер Анте Ребиќ од следната сезона би можел повторно да игра во Серија А.
Италијанскиот новинар Џанлука ди Марцио пренесува дека за овој напаѓач е заинтересирана Верона за која настапуваше пред девет години.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ребиќ во претходната сезона одигра 23 натпревари за Бешикташ и постигна само еден гол, па неговото заминување е сигурно иако има договор до јуни следната година.
Пред заминувањето во Турција, во Серија А, хрватскиот фудбалер играше за Фиорентина и Милан. Во Германија ги носеше дресовите на Лајпциг и Ајнтрахт.
Ребиќ веќе подолго време е во конфликт со хрватскиот селектор Златко Далиќ и не е дел од репрезентацијата на Европското првенство во Германија.