Дома Фудбал Ансу Фати од денес чини 400 милиони

Ансу Фати од денес чини 400 милиони

Младата ѕвезда на Барселона, Анси Фати од денес и официјално е дел од првиот тим на каталонскиот гигант.

Со тоа автоматски неговата откупна клаузула од 170 милиони евра ќе се зголеми на неверојатни 400 милиони евра.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Утрово 17-годишниот Ансу Фати ги потпиша неопходините документи, па повеќе не е дел од вториот тим на Барселона.

Меѓутоа, неговиот договор е само до јуни 2022 година, па клубот ќе се обиде што побрзо да постигне договор за долгогодишна соработка.

Во новиот договор најверојатно ќе биде потврдена клаузула од 400 милиони евра, а можно е да биде поставена нова, уште повисока откупна клаузула.

Ансу Фати е роден во Гвинеа Бисау, но избра да игра за шпанската репрезентација. Минатата сезона дебитираше за првиот тим на Барса и се претвори во сензација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Изненадување: Интер ја следи ситуацијата околу Онана

Раководството на Интер внимателно го следи развојот на ситуацијата со голманот на Манчесте…