Легендарниот Тиери Анри се надева дека во иднина ќе предводи еден од тимовите каде остави најголем траг во играчката кариера.
Анри неодамна ја заврши тренерската кариера во МЛС и одлучи да се врати во Европа за да биде поблиску до семејеството. Моментално е без клуб, но понуди со сигурност ќе има.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, ако го прашате него, тој сонува за два клуба…
„Ако го прашате било кој навивач на Арсенал дали сака да го тренирам Арсенал ќе рече – да. Истото ќе го одговори и на прашањето дали сака да постигне гол за Арсенал.“ – рече Анри и додаде:
„Арсенал е клуб кој е дел од мене и секогаш ќе биде – половина од моето срце му припаѓа на него, а другата половина на моето семејство. Врската која ја имам со нивните навивачи е нешто кое не можам да го опишам, нешто што секогаш ќе ми недостига, па ако ме прашате дали еден ден сакам да го тренирам Арсенал, одговорот е -да. Сепак, далеку сум од тоа. Дали сонувам за тоа? Да. Дали сакам да одам во Барселона? Да.“