Дома Трансфер зона Анри носи уште едно засилување од Премиер лигата

Анри носи уште едно засилување од Премиер лигата

Монако е пред потпис со ѕвездата на Челзи, Цеск Фабрегас, а силен интерес покажува и за стоперот на Кристал Палас, Мамаду Сако, пренесуваат француските медиуми.

Според медиумите двата клуба се веќе во напредни преговори, а Анри го убедил својот сонародник да му се придружи во Монако.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


28-годишниот Сако потекува од академијата на Пари Сент Жермен, а во 2013 година направи трансфер во Ливерпул. На „Енфилд“ остана три сезони, а во 2017 година неговиот договор беше откупен од страна на Кристал Палас.

Актуелниот договор на Французинот истекува во 2021 година, а според информациите, Монако за неговиот потпис ќе плати 15 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…