Дома Фудбал Останато Анри: Му реков на Лукаку да не оди во Челзи

Анри: Му реков на Лукаку да не оди во Челзи

Легендарниот француски напаѓач, Тиери Анри изјави дека го предупредил Ромелу Ликаку пред да направи трансфер во Челзи.

Анри тогаш работеше во белгиската репрезентација и имал разговор со Лукаку.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Французинот го советувал напаѓачот да не прави трансфер во Челзи, но Лукаку не го послуша. Се пресели на „Стенфорд Бриџ“ и после една лоша сезона се врати во Интер.

„Тогаш имавме дискусија. Му реков дека не треба да оди во Челзи, бидејќи ќе му биде тешко да игра поради начинот на кој игра Томас Тухел. Ромелу сака да биде таму каде што е. Само „нахрани“ го и тој ќе ви врати повеќекратно“.

„Тој е различен тип на играчи од оние што ги сакаат Тухел. Мислам дека и тој не би сакал да се врати кај Потер. Тој сака да остане во Интер“,  изјави Анри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шефовите на Милан ќе направат уште еден обид да го задржат Мењан

Раководството на Милан ќе одржи нова средба со претставниците на голманот на тимот Мајк Ме…