Легендарниот француски напаѓач Тиери Анри се потсети на својот трансфер од Арсенал во Барселона во 2007. година.
Анри беше немилосрден кон противничките голмани во текот на својот престој во Англија, но после две титули во ПЛ и финале во ЛШ се одлучи на трансфер во Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Барса исто така беше трофеен – две лигашки титули, ЛШ, Суперкуп, Кралски куп и Светско клубско првенство, но признава дека самиот почеток на Камп Ноу бил тежок.
„Во Арсенал имав целосна слобода, таму бев слободен уметник. Таму играв со играчи како Беркамп, Кану, кои ме ‘туркаа’ кога имаше потреба. Во тоа време не размислував за заминување, но на крајот така се случи.“ – изјави Анри и додаде:
„После трансферот во Барселона морав да се запознаам со нов фудбал, буквално повторно учев да играм фудбал. Во новата екипа Рајкард ме принуди да играм исклучиво на левата крилна позиција, а кога дојде Пеп…Гвардиола беше одличен тренер. Беше интензивен, а работата со него беше како шах.“
Францускиот напаѓач во дресот на Барса одигра 121 натпревар и постигна 49 погодоци.