Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Англија ја победи Србија, но не прикажа шампионска игра 🎥

Англија ја победи Србија, но не прикажа шампионска игра 🎥

Репрезентацијата на Англија ја победи Србија во последниот натпревар од денешната програма на Европското првенство, но впечаток е дека најголем дел од јавноста ќе го критикува Саутгејт за она што неговата селекција го одигра денес во натпреварот во кој влезе како фаворит.

Англија тргна офанзивно и доминираше во стартните минути, па во 13. минута со голот на Белингем по асистенцијата од Сака дојде до водство. Меѓутоа по тој гол како што одминуваше времето Англија како да се повлекуваше и се помалку создаваше шанси.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


🚨 GOAL: Serbia 0-1 England! BELLINGHAM PUTS ENGLAND 1-0 UP! 🏴󠁧󠁢󠁥󠁮󠁧󠁿 pic.twitter.com/TZPHN1IeCZ — Euro 24 Hub (@Euro24Hub) June 16, 2024

Посебно во првите 15-тина минути Србија беше подобар противник и создаде неколку добри прилики. Влаховиќ во неколку ситуации се закани, Бирмачевиќ имаше еден добар удар кога Кејн спаси од пред својот гол. На другата страна во една од ретките прилики за Англија напаѓачот на Баерн ја погоди пречката.

Англија ги освои потребните три бода, но дефинитивно јавноста ќе има за што да го кртикува селекторот. Од друга страна Србија ја очекуваат натпреварите против Словенија и Данска во кои ќе се надеваат дека ќе освојат доволно бодови за пласман во нокаут фазата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Големото промашување на Јувентус пред враќање во Премиер лигата

Нотингем Форест активно работи на засилување на тимот за претстојната сезона. Клубот преди…