Англија ја победи Австралија со 1:0 во пријателски натпревар на Вембли. Стрелец на единствениот гол беше Воткинс во 57. минута, а селекторите Герет Саутгејт и Греам Арнолд направија по шест замени.
Еден од играчите кои порано го завршија натпреварот беше Џордан Хендерсон кој беше исвиркан од домашните навивачи. Играчот од средниот ред беше капитен додека Хари Кејн остана на клупата.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Да потсетиме, Хендерсон е поранешен капитен на Ливерпул, кој летово замина во Ал Етифак. ЛГБТК+ го критикуваше неговиот трансфер во Саудиска Арабија затоа што човековите права таму се слаби, а хомосексуалноста е нелегална. Додека беше во Ливерпул, Хендерсон ги поддржуваше правата на ЛГБТК+ групите.
По натпреварот, тој рече дека не ги слушнал свирежите. “Секој има право на свое мислење. Сакам да играм за Англија, тоа го правам со години и затоа сум сеуште во репрезентацијата. Сакам да дадам се за мојот тим и земја. Тоа значи многу за мене и за моето семејство што го водев тимот на овој натпревар. Посебна вечер во која успеавме да победиме“, изјави Хендерсон.
“Не е пријатно кога твоите навивачи те исвиркуваат. Но, види, секој има право да мисли што сака. Секогаш кога ќе сретнам некого на пат, тој секогаш ми кажува убави работи. Ова нема да промени кој сум и што сум направил за мојата земја. Јас давам секој пат дај се од себе“, истакна Хендерсон.
На прашањето дали разбира зошто го исвиркувале, тој одговорил: „Всушност, не знам. Кога му кажаа дека најверојатно е поради одењето во Саудиска Арабија, тој додаде: „Ако луѓето сакаат да исвиркуваат затоа што играм во друга земја, тоа е во ред. Како што реков, секој има свое мислење за моето играње во Саудиска Арабија.“