Дома Фудбал Англија Англиски фудбалер на Блекпул призна дека е геј

Англиски фудбалер на Блекпул призна дека е геј

17-годишниот напаѓач на Блекпул, Џејк Даниелс призна дека е со хомосексуална сексуална ориентација.

Даниелс така стана првиот британски професионален фудбалер кој јавно објави дека е хомосексуалец и втор фудбалер воопшто во светот.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Тој призна дека ја криел својата сексуална ориентација како млад човек „бидејќи сакал да биде професионален фудбалер“. Сега вели дека „е вистинското време да се биде свој, слободен и безбеден“.

„Со денови размислував како и кога да го направам тоа и чувствувам дека сега е вистинското време. Сакам луѓето да знаат кој сум вистинскиот јас, постојаното лажење не е она што сакам да го правам. Се борев, но сега се чувствувам подготвен да бидам свој и слободен“, изјави фудбалерот.

Даниелс изјави дека добил поддршка од своите соиграчи и клубот кој се натпреварува во Чемпионшип.

„Откако излегов во јавност пред моето семејство, мојот клуб и соиграчите, тој период на претерано размислување за се и стресот што го создаваше исчезна. Тоа влијаеше на моето ментално здравје. Сега сум само сигурен и среќен што конечно сум свој“, изјави Даниелс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нова рутинска победа на Милан🎥

Милан запиша трета победа по ред во Серија А откако рутински славеше на домашен терен прот…