Дома Фудбал Англија Англиски репрезентативец се откажа од фудбалот на 26 години!

Англиски репрезентативец се откажа од фудбалот на 26 години!

Играчот за врска на Хал Сити, Рајан Мејсон денес официјално го потврди заминувањето од професионалниот фудбал.

26-годишниот Мејсон не успеа комплетно да се опорави откако во 2017 година преживеа фрактура на черепот на натпреварот против Челзи.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Во 2015 година Мејсон дури и дебитираше за англиската репрезентација, но повеќе нема да може да игра фудбал после судирот глава во глава со Геру Кејхил. Тој кариерата ја започна во Тотенхем, а во 2016 година премина во Хал за 13 милиони фунти.

„Можам да потврдам дека следејќи ги лекарските препораки, треба да се откажам од професионалното играње фудбал. Работев напорно за да можам да се вратам на терените, но за несреќа морам да се повлечам од фудбалот бидејќи тоа ми е единствена опција. Секогаш ќе му бидам благодарен на луѓето кои беа до мене во најтешките моменти“, истакна Мејсон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …