Напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ е еден од најбараните фудбалери и бројни европски гиганти се борат за неговиот потпис.
Арсенал во последно време се спомнува како најсилно зиантересиран за Влаховиќ, бидејќи тренерот Артета го одредил Србинот како апсолутен приоритет.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Според тврдењата на „Дејли Мејл“ на Арсенал ќе му бидат потребни неверојатни 180 милиони евра за да го доведе Влаховиќ на „Емирати“.
Договор помеѓу Фиорентина и Арсенал би можел да се постигне за 80 милиони евра, но потешката работа за „топџиите“ е да постигнат договор со напаѓачот.
Неговиот агент бара 5-годишен договор и плата од 10 милиони евра нето, што значи дека Арсенал годишно ќе треба да издвојува 20 милиони евра бруто за плата.