Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен ќе биде жешка тема на лето бидејќи Премиерлигашите ќе се „тепаат“ за неговиот потпис.
Осимен се етаблираше во еден од најдобрите напаѓачи во Европа и оваа сезона е прв стрелец во Серија А со 17 гола на 18 меча.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За него силен интерес покажува Манчестер Јунајтед, но сега во трката за неговиот потпис се приклучија Челзи и Ливерпул.
Сепак, Наполи нема лесно да се откаже од него и за слободата на Осимен бара 140 милиони евра.
Споменатите клубови се спремни да понудат 100 милиони евра за неговиот потпис, па сигурно ќе гледаме голема трансфер битка на лето.