Арсенал е последниот англиски клуб се вклучи во трката за потписот на дефанзивецот на Лајпциг, Ибрахима Конате.
За 21-годишниот Французин веќе одамна интерес покажуваат Ливерпул и Манчестер Јунајтед.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Клоп е во потрага по дефанзивец кој ќе може да го замени повредениот Ван Дајк, но исто така во иднина да биде и негов партнер во дефанзивната линија.
Солскјер исто така е во потрага по квалитетен дефанзивец, а Конате е на врвот на листата желби.
Конате оваа сезона игра фантастично, па на лето се очекува голема борба за неговиот потпис.