Дома Топ вести Ангеловски: Поздрав до сите што ме омаловажуваа, еве им шанса сега и тие да се радуваат

Ангеловски: Поздрав до сите што ме омаловажуваа, еве им шанса сега и тие да се радуваат

Македонската фудбалска репрезентација синоќа оствари голема победа против Германија (1:2) во квалификациите за СП.

После натпреварот селекторот Игор Ангеловски им се заблагодари на момците за големата победа и ја искористи можноста уште еднаш да испрати порака до оние кои го критикуваа и омаловажуваа.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Ова е историја. Никогаш досега Македонија на успеала да победи една така трофејна селекција. Овие момци уште еднаш ја направија Македонија горда. Го победивме четирикратниот светски првак. Радувај се Македонијо, слави ги овие херои.“ – рече Ангеловски и додаде:

„Поздрав до сите што ме омаловажуваа, еве им шанса и тие сега да се радуваат. Прифаќам критики за мојата работа, бидејќи извршувам јавна работа, но не прифаќам омаловажувања и опструкции кои сега сите добро знаете дека се случуваа. Знаете на кого се однесува ова.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ја наследи капитенска лента во Тотенхем и доби нов договор

Аргентинскиот дефанзивец Кристијан Ромеро го продолжи договорот со Тотенхем до 2029 година…