Дома Фудбал Италија Анализа и предлог типови: Дуел на најтрофејните екипи во Италија!

Анализа и предлог типови: Дуел на најтрофејните екипи во Италија!

Денес во рамките на полуфиналето од италијанскиот Куп се игра исклучително интересен натпревар кој на Сан Сиро помеѓу Милан и Јувентус.

Милан: Можат ли Росонерите до пласман во финале?

Фудбалерите на Милан немаат кој знае каква сезона засега, но сигурно е дека работите тргнаа на подобро за разлика од првиот дел на сезоната, кога за жал беа на долниот дел од табелата. Во овој момент избраниците на Пиоли го имаат 10-то место со -2 бода од позицијата која води во Европа. Сепак, многу дискутабилно е колку Росонерите се заинтересирани за таа позиција, бидејќи минатата година се откажаа од учество во ЛЕ. Во минатото коло и покрај предноста од 2-0 против градскиот ривал во првото полувреме, не успеаа да земат ниту еден бод, бидејќи натпреварот заврши во корист на Интер со 4-2.

Јувентус: Нешто не е како што треба!


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Кога се ќе се собере и одземе, мора да признаеме дека од Јувентус очекувавме многу повеќе оваа сезона. Ако ја погледнеме табелата, работите и не се толку лоши, бидејќи овој клуб е на делба на првото место со Интер, а треба да се додаде дека избраниците на Сари имаат подобар меѓусебен скор. Во минатото коло, „старата дама“, уште еднаш непријатно не изненади со поразот од Верона каде што изгубија со резултат од 2-1.  Сепак, таборот од црно-белите најавуваат поход на сите три трофеи, па сигурно е дека овде нема лесно да се предадат.

Наш предлог:

Топло ви препорачуваме да го избегнете конечниот исход на овој натпревар, бидејќи се сретнуваат најтрофејните италијански екипи. Јувентус ќе сака се да реши во првиот натпревар, додека Милан игра доста добро во последно време. Поради тоа ве советуваме да испробате 3+ со квота 1.94 или ГГ со квота 1.78 во обложувалницата на Bet365.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фонсека откри дел од составот на Милан кој ќе ја нападне Ц. Звезда

Во среда од 21:00 часот на „Сан Сиро“ ќе се одигра натпреварот од шестото коло на Лигата н…