Еден од најголемите фудбалски натпревари ќе се одигра во главниот град на Шпанија во сабота вечер, кога Реал Мадрид ја пречекува Барселона во познатото Ел Класико.
Реал во моментов е третопласиран во Шпанија, со два бода помалку од второпласираната Барса, која сега заостанува од лидерот Атлетико Мадрид со само еден бод на девет натпревари до крајот на сезоната.
Зидан и покрај проблемите може до успешен крај на сезоната
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Зинедин Зидан речиси цела сезона има големо проблеми, дел со повредени фудбалери, со поединечната форма, со дефанзивата и слично, но повторно може да има успешен крај на сезоната.
Реал последен пат е поразен во Ла Лига на крајот на јануари, од кога има седум победи и две нерешени средби. Конечно екипата заигра како што се очекува од нејзе и тоа во период кога на теренот ги нема Рамос и Варан.
Како што споменавме, актуелниот шампион е трет на табелата, со два бода помалку од второпласираната Барса и од таа гледна точка Зидан се надева дека овој меч доаѓа во најдобар можен момент за нив.
Реал минатиот викенд славеше со 2:0 над Еибар во лигата, со головите Марко Асенсио и Карим Бензема. Во меѓувреме, во Лигата на шампионите забележа победа од 3:1 над Ливерпул во првиот натпревар од четвртфиналниот двомеч и сега атмосферата е на највисоко можно ниво токму пред Ел Класико.
Реал Мадрид влезе во пресметката со тимот на Јирген Клоп без услугите на нивните двајца централни бекови Рафаел Варан и Серхио Рамос, но тоа не беше пречка да слават победа и да одиграат одлично во дефанзива. Доколку дефанзивата која и на овој меч ќе биде без услугите на двајцата првотимци одигра на исто или слично ниво, тогаш Зидан не треба да се грижи за резултатот од овој меч.
Свежината е најголема предност на Барса
Од друга страна, Барса одмараше во текот на неделата бидејќи немаше меч во Лигата на шампионите и тоа за нив ќе биде најголема предност – свежината. Откако испаднаа од ПСЖ во европската елита, сега тимот е цеосно насочен кон Ла Лига, а Куман се надева дека испаѓањето од Лигата на Шампионите ќе им донесе титула во Шпанија.
Како резултат на тоа, тимот на Роналд Куман имаше подолго време да се подготвува за овој натпревар, по последниот натпревар кој донесе победа од 1:0 над Ваљадолид во Ла Лига во понеделникот вечерта.
Од поразот од Кадиз на почетокот на декември, формата во лигата на Барса беше одлична и тие ќе влезат во овој меч со шест победи во низа во Ла Лига.
Екипата на Куман го победи Реал Сосиедад со 1: во последниот натпревар на гостински терен на 21-ви Март, што им дава дополнителен мотив пред овој дерби меч.