Дома Македонски спорт АМС со ново соопштение: ФФМ продолжува да работи спротивно на законот

АМС со ново соопштение: ФФМ продолжува да работи спротивно на законот

Во македонската спортска јавност актуелен е спорот помеѓу АМС и ФФМ.

Денес Агенцијата за млади и спорт се огласи со ново соопштение и истото ви го пренесуваме во целост:


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


“Агенцијата за млади и спорт како единствено владино тело коешто е надлежно за работите од областа на спортот и вршење надзор над спроведувањето на одредбите од Законот за спорт, по повод случувањата во Фудбалската федерација на Македонија, ја информира јавноста дека одлуките на ФФМ во изминатиот период се донесени спротивно на Законот за спорт. 
ФФМ подолг период ги игнорира укажувањата и одлуките на надлежните институции и продолжува со непочитувањето на Законот за спорт, и покрај инистирањето на АМС почитување на законските прописи и усогласување на Статутот на ФФМ согласно Законот за спорт. И покрај бројните укажувања и покренати институционални и судски постапки, ФФМ продолжи да функционира и делува спротивно на Законот за спорт и позитивното право во државата. Во име на вистината, на увид на јавноста, доставуваме записник од 30.07.2019 гоина, кога Управниот одбор на ФФМ, донел одлука за усогласување на Статутот со Законот за спорт, но по таа одлука никогаш не е постапено, односно никогаш не е реализирана. Воедно, во истиот период од АМС е побаран дополнителен рок, и во интерес на фудбалот, постигнат е заеднички договор на првото наредно Собрание на ФФМ да биде спроведена одлуката на УО, што би значело, Статутот да биде усогласен согласно Законот за спорт. Во меѓувреме, ФФМ одржа уште две Собранија и на ниту едно од нив не е спроведена одлуката за усогласување на работата на ФФМ согласно Законот за спорт. Имајќи предвид дека мандатите на делегатите, комисијата за избори, претседателот и членовите на УО на ФФМ, истекуваат на 17.02.2021 година, АМС известува дека нема да биде признаен незаконски избор на делегати од ОФС, како и избор на тела во ФФМ. Законот за спорт важи за сите подеднакво и сите учесници се должни да го почитуваат. За сите нелегални активности, спротивни на Законот, Агенцијата за млади и спорт како единствена институција надлежна за спроведување на Законот за спорт ќе ги информира и УЕФА и ФИФА. Имаме поддршка од поголемиот број на клубовите од прва и втора лига за доследно почитување и примена на Законот за спорт.

Напредокот на спортот е возможен само со заеднички напори и почитување на законските регулативи“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…