Софијан Амрабат минатото лето беше на мета на многу европски гиганти, а тој избра кариерата да ја продолжи во Манчестер Јунајтед.
Тен Хаг по секоја цена го сакаше Амрабат во својот тим, но Мароканецот не се снајде најдобро на „Олд Трафорд“.
Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед плати за едногодишна позајмица, но веќе донесе одлука да не го откупи неговиот договор и ќе го врати во Фиорентина.
Таквата ситуација сака да ја искористат Милан и Јувентус и веќе стапиле во контакт со неговиот агент, па ја почнале трката за неговиот потпис.