Софиан Амрабат е еден од најдобрите играчи на Мароко во досегашниот дел од шампионатот, всушност тој е единствениот играч кој ја одиграл секоја минута за Мароко на овој Мундијал.
Фиорентина е клубот со кој има договор и јасно е дека Италијанците ќе се обидат да ја искористат формата на својот фудбалер.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Го купија за 20 милиони од Верона, а Верона претходно го донесе од Бриж за само 3,5 милиони евра.
Сигурно дека неговата цена поради настапите на Мундијалот каде што со Мароко ќе игра полуфинале против Франција ќе порасне.
Европските гиганти веќе покажуваат интерес, прв се јави Ливерпул, но која е цената која ја одредила Фиорентина?
Медиумите во Италија пишуваат дека се работи за цена од 40 милиони евра, со тоа што Фиорентина нема намера да го продава во јануари, туку во текот на летниот преоден рок.