Поради гангрена, тренерот Душко Вујошевиќ остана без прст на ногата, пренесоа денес српските медиуми.
„Операцијата е направена од страна на Лазар Давидовиќ. Мораше да се случи тоа, за да не се прошири гангрената. Благодарност за брзата реакција и помошта од страна на докторите. Многу придонесоа да не се прошири гангрената на целата нога“, истакна српскиот стратег.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Селекторот на селекцијата на Босна и Херцеговина одамна има проблем со дијабетисот, кој придонел да заработи гангрена, но и покрај тоа се очекува дека брзо ќе закрепне и за кратко време ќе се врати подготвен во своето секојдневие.