Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед Рубен Аморим наводно планира да донесе тројца играчи на Спортинг Лисабон со себе на „Олд Трафорд“ следното лето, пренесуваат медиумите на Островот.
Аморим сака да ангажира неколку засилувања и да изгради тим по своја мера, а медиумите ги открија плановите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според „Сан“, тројца од неговите поранешни играчи може да му се придружат на крајот на сезоната.
Аморим може да потроши 175 милиони фунти на дефанзивецот Гонсало Инасио, проценет на 50 милиони фунти, играчот од средниот ред Мортен Јулманд, проценет на 40 милиони фунти, и напаѓачот Виктор Ѓекереш – вреден околу 84 милиони фунти.