ЕСПН пишува дека од сигурни извори блиски до Фудбалската асоцијација на САД и „Soccer United Marketing“ постојат планови за турнир на нациите пред Светското првенство.
Турнирот би требало да се одржи на американската територија, неколку дена пред да започне Светското првенство во Русија, односно по завршување на клупската европска сезона. Извори од Америка кажуваат дека американскиот фудбалски сојуз ќе ги повика Италија, Холандија, Гана и Чиле за нивното „анти-Светско првенство“.
Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ
Тоа се големи репрезентации кои се навикнати да учествуваат во најголемото натпреварување во меѓународниот фудбал, но овој пат не успеаа да се квалификуваат за Русија 2018. Италија е убедливо најголемиот магнет за Американците, бидејќи станува збор за репрезентација од највисоко можно ниво. Азурите учествуваа на секое Светско првенство, освен на отворањето 1930., кога учествуваа многу малку земји и 1958. кога исто така како и оваа не успеаа да се квалификуваат.
САД не се квалификуваше за прв пат од 1986, додека Холандија и Гана ќе го пропуштат Светското првенство по три последователни учества. Чиле е актуелен двоен освојувач на Копа Америка, но во лудната завршница во јужноамериканските квалфиикации не успеа да го резервира своето место за Русија 2018. година.
Останатите потенцијални учесници на америкаснкиот синоним за Светско првенство се и репрезентациите на Брегот на Слоновата Коска, Република Ирска, Босна и Херцеговина, Украина, Алжир и Хондурас.