19-годишниот Солвенец, Лука Дончиќ е најголема кошаркарска ѕвезда во Европа во овој момент.
Дончиќ викендов го однесе својот Реал Мадрид до европскиот трон и беше избран за МВП на фајнл-форот и сезоната, па логично следна негова станица да биде НБА лигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неговото име сигурно ќе се појави на престојниот драфт на 21-ви јуни во Бруклин, но и покрај најавите дека ќе биде во Топ 3 пика, најверојатно тоа нема да се случи.
Ако Лука не биде избран како прв пик од Феникс, тој ќе испадне од конкуренција за првите три пика. Главна желба на „сонцата“ е сепак центарот ДеАндре Ајтон.
„ЕСПН“ тврди дека Сакраменто и Атланта, кои ќе бираат втори и трети, веќе одлучиле дека не им треба играч како Дончиќ, па и тие ќе драфтуваат други кошаркари.
Поради тоа лесно може да се случи Дончиќ да падне на 4-то или 5-то место на драфотот, што е секако надвор од сите прогнози кои се појавија претходните месеци.
Меѓутоа, 19-годишниот Дончиќ се уште размислува дали од наредната сезона да се приклучи во НБА лигата или да одигра уште една сезона во Европа.