Директорот на Ал Хилал, Фаед Ал – Мофариј, го потврди интересот за ангажман на аргентинската ѕвезда, Лионел Меси.
Вчера шпанските медиуми објавија дека саудискиот клуб е подготвен да му понуди на Меси тригодишен договор вреден рекордни 900 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Го прашав Ал – Мофариј за можноста да го ангажира Меси. Ми рече: Се е исто како и во случајот со Кристиано Роналдо. Не станува збор само за интерес на нашиот клуб, ова не е работа само за нашиот клуб. Сите саудиски клубови имаат иста цел, а тоа е голем исчекор на кој не инспирираше нашиот министер за спорт“, објави на социјалните мрежи Еслам Магди од Дубаи.
Меси има понуда со ПСЖ до крајот на сезоната и беше блиску до потпишување на нов договор, но оваа понуда од Саудиска Арабија сигурно ќе ги порамети плановите.
Кристиано Роналдо непдамна потпиша договор со Ал-Наср и стана најплатен фудбалер во историјата со неверојатни 200 милиони евра по сезона.