Дома Македонски спорт Мак ракомет Алушовски повеќе не е тренер во Пелистер

Алушовски повеќе не е тренер во Пелистер

Стефче Алушовски нема да биде тренер на Пелистер во вториот дел од сезоната.

Наводно се работи за „разминување во ставовите на тренерот и управата на клубот“, па двете страни одлучиле да ја прекинат соработката.

Проблемите се најверојатно од финансиска природа, а одлуката е сигурно изненадувачка бидејќи Пелистер одигра одлична полусезона во македонската Супер лига.

Имено, Пелистер по 13 кола е на врвот во македонскиот шампионат и има 12 победи и само еден пораз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …