Пред вчерашниот натпревар на Вардар Стевче Алушовски беше мета на критики од дел од навивачите на Вардар.
Многумина бараа оставка, не веруваа во него, меѓутоа на крајот Стевче одговори на најдобар можен начин, го надигра Флензбург. Германскиот тим кој во Скопје дојде со добра форма беше победен со 31:26, иако Вардар беше без натпревар цел месец.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
По натпреварот Алушовски доби прашање и на оваа тема.
„Кај нас во Македонија после војна сите се паметни, додуша така е и во светот. Јас посветено си ја работам мојата работа и се обидувам на момците да им го пренесам моето знаење и искуство. Очекувам во иднина да одиграме вакви и уште подобри натпревари. Покажавме дека Вардар не се предава“, изјави Алушовски.