Чаби Алонсо минатата сезона направи „чудо“ со Баер Леверкузен и ова лето беше на мета на многу европски клубови.
Алонсо се етаблираше во еден од најдобрите млади тренери, но сепак ова лето одлучи да остане во Леверкузен и да игра во Лигата на шампиони.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Наводно „кралскиот“ клуб има договор со Чаби Алонсо да го преземе кормилото од 2025 година, пренесуваат медиумите блиски до Реал Мадрид.
Анчелоти ја минува последната година на кормилото на Реал, а Алонсо на лето ќе дојде како негов наследник. Притоа, Шпанецот сака со себе во Мадрид да ја доведе и ѕвездата на Леверкузен, Флоријан Виртц.