Францускиот тенисер Уго Хамберт се пласираше во четвртфиналето на Мастерс 1000 АТП турнирот што се игра во париската сала Берси, откако изненадувачки го совлада вториот играч во светот, Шпанецот Карлос Алкараз со 6:1, 3:6, 7:5 во натпреварот од 3.коло.
Во четвртфиналето Хамберт ќе игра против Австралиецот Џордан Томпсон, кој претходно во четвртокот со 7:5, 7:6 (5) го победи сонародникот, Адријан Манарин.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Во четвртфиналето победи и Данецот Холгер Рун кој го совлада Французинот Артур Казу со 3:6, 6:3, 6:4. Следен противник ќе му биде Австралиецот Алекс Де Минаур, кој беше подобар од Британецот Џек Дрејпер со 6:4, 3:6, 6:3.