Повратникот во Премиер Лигата Лидс Јунајтед ќе плати 30 милиони евра за потписот на Родриго Морено од Валенсија.
Клубот од „Местаља“ му се заблагодари на Родриго и го потврди неговиот трансфер во редовите на тимот за кој настапува македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На доведувањето на Родриго инсистираше тренерот на Лидс, Марсело Биелса. Во Валенсија Родриго пристигна во 2015 година од редовите на Бенфика.
За Лидс нема сомневање дека ова е одлично засилување. Минатата сезона Родриго одигра 27 натпревари, постигна четири гола и додаде седум асистенции. Ќе потсетиме во претходниот преоден рок Родриго веќе беше виден како ново засилување на Барселона, меѓутоа потоа трансферот пропадна.
Заминувањето на Родриго е само уште едно во низата од редовите на Валенсија која мора да продава поради кризата во која се најде клубот поради коронавирусот.
COMUNICADO OFICIAL: https://t.co/TvuRAz9Mt2
— Valencia CF ??? (@valenciacf) August 25, 2020
El @valenciacf ha alcanzado un principio de acuerdo con el @LUFC para el traspaso del futbolista Rodrigo Moreno, a expensas de completar toda la documentación y demás formalidades y de superar el preceptivo reconocimiento médico.