Дома Македонски спорт Алиоски: Дебитанти сме, но сакаме нешто повеќе на ова Европско!

Алиоски: Дебитанти сме, но сакаме нешто повеќе на ова Европско!

Како што се ближи дебито на Македонија против Австрија во недела така се повеќе се македонските фудбалери го привлекуваат вниманието.

Сега за австриската новинска агенција АПА интервју имаше Езгјан Алиоски. Џани посочи дека тоа што Македонија е дебитант на едно вакво натпреварување не треба да создава притисок, туку дава простор опуштено да се влезе во сите натпревари.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Навистина сме сконцентрирани, сакаме да направиме нешто на ова Европско првенство. Не е само да се пласираше, да горди сме, но сакаме повеќе затоа што знаеме дека овој тим може. Дебито воопшто не треба да биде оптоварување. Не треба да бидеме нервозни, ќе одиме натпревар по натпревар“.

Еуфоријата е присутна од самиот почеток.

„Еуфорија има уште од почетокот и тоа е нешто нормално затоа што за првпат играме на Европско. Никогаш не сме имале вакво искуство, мислам дека подоцна ќе сфатиме што навистина направивме“.

За групата во која ќе игра Македонија.

„Дефинитивно Холандија е прв фаворит, меѓутоа во фудбалот изненадувања секогаш има и ние сакаме да направиме изненадување. Австрија е фаворит, тие се компактна селекција, физички силна…Голем дел од играчите им доаѓаат од Бундеслигата и технички се одлични. Меѓутоа таа победа со Германија ни даде огромна самодоверба“, посочи Алиоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вејн Руни го критикуваше Ван Дајк: Еден капитен не смее така да зборува

Легендата на англискиот фудбал и Манчестер Јунајтед, Вејн Руни го критикуваше Вирџил Ван Д…