Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски одигра уште една одлична сезона и со својот Лидс избори пласман во Премиер лигата.
Алиоски е важен дел од тимот на Лидс и следната сезона ќе игра во Премиер лигата, но неговиот фудбалски пат воопшто не бил лесен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој открива дека во Јанг Бојс му рекле дека не е доволно добар и најдобро да се откаже од фудбалот.
„Од Јанг Бојс ми рекоа дека не сум доволно добар за да бидам професионален фудбалер и ми препорачаа да се откажам од фудбалот. Минав десет години во тој клуб, а ми рекоа да се откажам. Се разочарав, но не се откажав. Тренирав инвидуално со мојот брат и татко и се појави Шафхаузен кој ми даде шанса“, открива Алиоски.
28-годишниот Алиоски фудбалската афирмација ја направи во Лугано од каде се пресели во Лидс.