Дома Топ вести Алексис Санчез е нов играч на Интер!

Алексис Санчез е нов играч на Интер!

Чилеанскиот фудбалер Алексис Санчез го напушти Манчестер Јунајтед и кариерата ќе ја продолжи во Интер.

Алексис во Јунајтед стигна на почетокот во 2018. година од Арсенал како големо засилување, но тотално потфрли. Црвените ѓаволи му порачаа дека слободно може да бара нов клуб, а Чилеанецот на крајот одлучи да се врати во Италија.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Имено, Интер и Јунајтед официјално потврдија дека Алексис пристигнува во италијанскиот клуб на позајмица до крајот на сезоната. Интер ќе плати околу шест милиони евра за позајмицата и ќе има шанса следното лето да го откупи договорот.

Алексис има искуство од играње на Апенините со оглед на тоа дека три години го носеше дресот на Удинесе. Санчез за овој тим играше од летото 2011. до летото 2014. година кога се пресели во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Tренерот на Галатасарај за првпат откри што му кажал на Мурињо за Португалецот да збесне

Тренерот на Галатасарај Окан Бурук првпат проговори за големиот инцидент кој го одбележа д…