Дома Фудбал Алексис Санчез два месеци надвор од теренот?

Алексис Санчез два месеци надвор од теренот?

Крилниот фудбалер на Интер, Алексис Санчез го повреди зглобот на пријателскиот натпревар помеѓу Чиле и Колумбија. Првите проценки се дека ќе отсуствува околу два месеци.

Се повреди во второто полувреме и беше заменет во 87. минута. Од фудбалската федерација на Чиле изјавија дека му е изместена тетивата на левиот скочен зглоб.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Санчез се врати во Милано за да направи дополнителни испитувања.

Имено, до повредата дојде после еден силен дуел со фудбалерот на Јувентус Квардадо, а останува да се види дали е проблем само тетивата или се оштетени и лигаментите.

Санчез ова лето пристигна во Интер на едногодишна позајмица, постигна погодок на стартот против Сампдорија, а имаше и добар натпревар против Барселона во ЛШ.

Како што пишува Мундо Депортиво, поранешниот играч на Барса и Арсенал би можел да отсуствува од терените и до два месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…