Дома Фудбал Англија Алексис во 92. минута му донесе радост на Арсенал (Видео)

Алексис во 92. минута му донесе радост на Арсенал (Видео)

Арсенал успеа да слави во финишот на мечот против Барнли на гости.

Фудбалерите на Венгер се радуваа, откако во 92. минута преку Пенал, како стрелец на единствениот погодок се запиша Алексис Санчез.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Арсенал за потсетување, во својот тим вечерва го немаше Озил кој како што се наведува е болен, па и без него тимот на „Топчиите“ делуваше изгубено.

Тешко беа создавани шанси, а одлична прилика имаше Барнли во првото полувреме, кога Гудмунсон го погоди дирекот на противничкиот гол.

По овој триумф, Арсенал има 25 бода, и се наоѓа на четвртата позиција на табелата со само еден бод помалку од Челзи, и 10 бода помалку од лидерот на табелата, Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Алегри стави блокада и уништи веќе договорен трансфер на Милан!?

Враќањето на Тијаго Силва во Милан беше завршена работа, но трансферот во последен момент …