Тренерот на Јувентус Макс Алегри сака да направи големи промени во средниот ред.
Алегри не е задоволен од Рамзи и Артур, па двајцата најверојатно ќе го напуштат Јувентус во зимскиот преоден рок.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Најголема желба во зимскиот преоден рок е Леандро Паредес од ПСЖ. Аргентинецот не е задоволен од својот статус во Париз и сака да ја промени средината.
Аргентинецот има големо искуство во Серија А и се очекува „бјанконерите“ наскоро да започнат преговори за негов трансфер во Торино.
Јувентус ќе се обиде да го донесе на позајмица со право на откуп следното лето.